Надал во осминафиналето на Ролан Гарос ќе игра против Корда, кој ја именува својата мачка по него

412

Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во четвртото коло на Ролан Гарос. Вториот рекет на светот за 1 час 37 минути денес го победи Стефано Траваља од Италија.

Ривал на Надал во осминафиналето ќе биде победникот во квалификациите Себастијан Корда. Дваесетгодишниот Американец во едно интервју изјави дека својата мачка ја именувал по Надал.






Грен слем турнирот Ролан Гарос се игра за награден фонд од 38 милиони евра.

Поврзани содржини