Надал: Сите губиме една година кариера

Најоптимистичките прогнози се дека тениски мечеви може да се случат во средината на јули.

324

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го сподели своето мислење за тековната сезона која е суспендирана поради пандемијата на коронавирус.

– Сега јас сум повеќе загрижен за подготовките за Австралија опен 2021. Ми се чини дека оваа година е речиси изгубена за тенисот. Се надевам дека во новата сезона ќе можам да играм со максимум. Сите губиме една година кариера. На моја возраст ваквото доживување е многу потешко, но ништо не може да се стори. Проблемите со логистиката прават одржувањето на натпревари да е невозможно – изјави Надал.






Најоптимистичките прогнози се дека тениски мечеви може да се случат во средината на јули.

Поврзани содржини