Надал нема да го гледаме ниту во Мајами

Надал од почетокот на оваа година влече повреда на грбот поради која по поразот во четвртфиналето на Австралија опен веќе ги откажа настапите на турнирот во Ротердам и Дубаи.

282

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на првиот овогодишен турнир од серијата Мастерс 1000 што е на распоредот во Мајами, од 24 март до 4 април, најавувајќи оти сака целосно да се подготви за претстојната европска сезона на земјени терени.

„Жал ми е што морам да објавам дека нема да играм во Мајами, градот кој го сакам“, напиша Надал на својот твитер профил.






„Морам целосно да ја залечам повредата и да се подготвам за сезоната на земјени терени во Европа“, додаде Надал, кој има пет настапи во финалето на турнирот во Мајами, но ниту еднаш не го освои.

Надал од почетокот на оваа година влече повреда на грбот поради која по поразот во четвртфиналето на Австралија опен веќе ги откажа настапите на турнирот во Ротердам и Дубаи.

Поврзани содржини