Надал и Гасол со апел до колегите: Да собереме пари и да ѝ помогнеме на Шпанија

Надал им се придружи на светските везди кои веќе донираа огромни суми за борба против КОВИД-19. Тука се Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Роџер Федерер, Пеп Гвардиола, Серхио Рамос и многу други.

350

Рафаел Надал ги повика шпанските спортисти да помогнат во собирањето 11 милиони евра за борба против пандемијата од коронавирус. Шпанија е една од најпогодените земји во светот со над 56,000 заразени и над 4.000 мртви од КОВИД-19. Шпанската влада денес ја продолжи вонредната состојба најмалку до 12 април.

Освојувачот на 19 Гренд слем титули, Надал вели дека веќе разговарал со кошаркарот Пау Гасол за тоа како можат да помогнат и решиле да создадат иницијатива за поддршка на Црвениот крст во обезбедување заштитна опрема и инфраструктура за помош на ранливите семејства во Шпанија погодени од вирусот.






– Мислам дека во голема мерка сме спортисти заради вашата поддршка и сега е време кога вашите спортисти нема да ве изневерат. Дојдовме до заклучок дека ќе покренеме иницијатива околу која се надеваме дека сите шпански спортисти ќе се обединат во демонстрација на солидарност и добар пример за единство за да му помогнат на Црвениот крст. Целта е јасна – да се соберат 11 милиони евра за да се помогне на 1,35 милиони луѓе. Веруваме дека ќе се приклучат сите шпански спортови. Пау и јас веќе ги направивме нашите донации и ние ви веруваме. Сигурни сме дека ова ќе биде нашата најголема победа – изјави шпанскиот тенисер.

Надал им се придружи на светските везди кои веќе донираа огромни суми за борба против КОВИД-19. Тука се Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Роџер Федерер, Пеп Гвардиола, Серхио Рамос и многу други.

Поврзани содржини