НАД РАОВИЌ МОРА ДА СЕ ГАСИ ОД ЛЕТАЛО Еден крак од пожарот ита кон Матка
Над селото Раовиќ гори мешана шума и на доста непристапен терен.
Општината Сарај бара армиско летало во помош за гасење на пожарот над селото Раовиќ.
Од ловиштето „Јасен“ известуваат дека има 24-часовно дежурство на делот на планината кон ловиштето. Во моментов пожарот е смирен и нема опасност за да се прошири кон ловиштето. Се гледа чад од страна на село Раовиќ, каде гори мешана шума и е на доста непристапен терен.
Од Шумското стопанство „Караџица“, пак, известуваат дека пожарот над Раовиќ се дели на два крака – едниот е насочен кон Матка, додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен, каде од утринските часови на терен се екипи од Армијата и на ДЗС и локалното население.
Се планира гасење од воздух.