Над половина милион заразени на Флорида, во Кина се тестираат 4,8 милиони луѓе дневно

Аризона е меѓу најтешко погодените држави. Повеќе од 500 затвореници во затворот во градот Тусон (речиси половина од сите) тестирани се позитивно на коронавирусот, соопштија властите.

309

САД регистрираа 1.262 нови смртни случаи поврзани со ковид-19 во изминатите 24 часа, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Со новите случаи, бројот на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата е речиси 158.000. Новозаразени за 24 часа се 53.158, што донесува вкупниот број потврдени случаи на 4,82 милиони.






Претставници на Флорида велат дека бројот на заразени со вирусот е над 500.000.

Во меѓувреме, бројот на извршени тестови се зголеми откако некои лаборатории беа привремено затворени поради тропска бура Исајас. Бројот на смртни случаи на Флорида до вчера беше 225, со што бројката од почетокот на пандемијата веќе е 7.627.

Аризона е меѓу најтешко погодените држави. Повеќе од 500 затвореници во затворот во градот Тусон (речиси половина од сите) тестирани се позитивно на коронавирусот, соопштија властите.

Кина го зголеми бројот на тестови за коронавирус во последните неколку недели, така што на крајот на јули се тестираа 4,84 милиони луѓе дневно, изјави министерот за индустрија и информатичка технологија, Ванг Џианпинг.

Тој изјави дека речиси 5.000 медицински установи и 38.000 техничари спроведуваат масовни тестови за коронавирусот ширум Кина, пренесе Си-Ен-Ен.

Во Кина досега се заразени 88.328 лица со корона, додека починале 4.677, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Гувернерот на централната јапонска префектура Аичи денеска објави вонредна состојба во тој регион, како резултат на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот.

Гувернерот Хидеаки Омура денеска ги замоли компаниите и продавниците да не работат воопшто или да затвораат порано и ги повика граѓаните вечерва да останат дома.

Мерката ќе биде во сила до 24 август, време што се совпаѓа со празникот Обон, кога училиштата и многу компании се затворени. Префектурата Аичи го вклучува и градот Нагоја, каде седиште е јапонскиот производител на автомобили Тојота.

Гувернерот рече дека бројот на потврдени случаи на вирусот се зголемува во Аичи од средината на јули со стапка од 100 и повеќе на ден. Пред тоа, во таа префектура имаше подолги периоди кога не беа пријавени нови случаи на инфекција со вирусот.

Јапонската Влада повика на социјално дистанцирање и затворање на деловните активности во април, но тие мерки постепено беа укинати. Во Јапонија има речиси 42.700 потврдени случаи на заболени со новиот коронавирус и околу 1.000 смртни случаи.

Поврзани содржини