Над 90 отсто од хоспитализираните со ковид-19 во Грција се невакцинирани

407

Над 90 отсто од лицата кои со ковид-19 се примаат во болниците и на одделите за интензивна нега се невакцинирани, истакна претседателката на националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду на денешната редовна прес конференција за процесот на имунизација во Грција.

Теодориду додаде дека кај дел од граѓаните над 60 години, се констатира незаинтересираност за вакцинација.






Според податоците што попладнево ги соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, од почетокот на вакцинацијата во земјата, аплицирани се 6.225.000 дози.

Во однос на старосните групи, 71 отсто од граѓаните над 60 години се вакцинирани со најмалку една доза, а заедно со закажаните термини, достигнува до 74,3 проценти.

Поврзани содржини