Над 82 милиони луѓе во светот се инфицирани со ковид-19
Излекувани се над 58 милиони луѓе или 97 отсто од заболените, а од последици на вирусот починале 1,787 милиони луѓе.
Бројот на заболени од новиот коронавирус во светот денеска ја надмина бројката од 82 милиони луѓе.
Според „Ворлдометерс“ од почетокот на пандемијата до денеска со ковид-19 се заразиле 82.013.158 луѓе во светот.
Излекувани се над 58 милиони луѓе или 97 отсто од заболените, а од последици на вирусот починале 1,787 милиони луѓе односно три проценти, додека активни случаи се повеќе од 22 милиони, односно 99,5 отсто.
Над 105.000 пациенти се во критична состојба или 0,5 отсто.