НАД 8.000 ЦИВИЛИ ЗАГИНАА ВО УКРАИНА Околу 90 проценти од граѓаните животот го загубиле од експлозии од гранати и ракети
Околу 90 отсто од цивилите загинале во експлозии предизвикани од артилериски ракети и гранати, се наведува во извештајот.
Повеќе од 8.000 цивили загинаа откако Русија ја нападна Украина пред една година, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.
Бројот на жртви е многу поголем од претходните слични податоци, според кои евидентирани се 7.199 смртни случаи.
Околу 90 отсто од цивилите загинале во експлозии предизвикани од артилериски ракети и гранати, се наведува во извештајот.
Мисијата на ОН за човекови права во Украина, која има десетици набљудувачи во земјата, рече дека очекува реалниот број на жртви да биде „значително поголем“ од официјално објавениот, бидејќи процесот на потврдување на податоците продолжува.