НАД 700 ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ НА ФЛИТВУД МЕК СТАВЕНИ НА АУКЦИЈА Легендарниот бенд носел чудни кајши и облека

За дрвените топчиња закачени на кожени ремени, чувани во платнена торбичка со златен конец, што ги носел Мик Флитвуд како дел од неговата облека и беа прикажани на омотот на албумот „Rumours" од 1977 година, се очекува да достигнат меѓу 100.000 – 200.000 долари. Топчињата првично биле дел од синџирот украси во тоалетот на клубот каде што настапувал составот, а подоцна биле вградени во сценската облека на „Флитвуд Мек". „Винтиџ макси" фустанот на Мекви на задната корица на албумот се проценува на 10.000 до 20.000 долари.

68

Повеќе од 700 инструменти, награди, облека, мебел, уметност, накит и други лични предмети на „Флитвуд Мек” се очекува да бидат продадени за голема сума пари на дводневна аукција на 3. и 4 декември во Беверли Хилс. Дел од приходот е наменет за „Мјузикејрс” (MusiCares), организација за помош и рехабилитација на музичарите.

Предметите се во сопственост на тројцата членови на наградуваната британско-американска рок-група – Мик Флитвуд и Кристина и Џон Мекви. Наддавањето е организирано од „Џулиен’с окшнс” (Julien’s Auctions).






За дрвените топчиња закачени на кожени ремени, чувани во платнена торбичка со златен конец, што ги носел Мик Флитвуд како дел од неговата облека и беа прикажани на омотот на албумот „Rumours” од 1977 година, се очекува да достигнат меѓу 100.000 – 200.000 долари. Топчињата првично биле дел од синџирот украси во тоалетот на клубот каде што настапувал составот, а подоцна биле вградени во сценската облека на „Флитвуд Мек”. „Винтиџ макси” фустанот на Мекви на задната корица на албумот се проценува на 10.000 до 20.000 долари.

Пијаното „Јамаха Ц-3″, познато како „Сонгбрд пијано” на коешто свирела Кристин Мекви, „Џулиен’с” го процени на 40.000 до 60.000 долари, исто како и електричната бас-гитара на Џон Мекви.

И покрај турбулентната музичка историја, „Флитвуд Мек” беше еден од познатите рок бендови од 70-тите и 80-тите. Можеби нивниот најпознат албум, „Rumours“, објавен 1977 година, стана еден од најпродаваните албуми на сите времиња, со хитовите „Go Your Own Way”, „Second Hand News” и „You Make Loving Fun”. Албумот е продаден во повеќе од 40 милиони копии ширум светот.

Поврзани содржини