Над 68 милиони луѓе во светот инфицирани со ковид-19

Во светот во моментот активни случаи има 19.362.465, од кои 106.142 се во сериозна или критична сосотјба односно 0,5 отсто.

134

Повеќе од 68 милиони луѓе во светот од почетокот на пандемијата се заразени со новиот коронавирус, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“.

Досега се регистрирани 68.000.862 случаи на ковид-19, а над 1,5 милиони луѓе починаа од последици на вирусот, а оздравеле повеќе од 47 милиони лица.






Во светот во моментот активни случаи има 19.362.465, од кои 106.142 се во сериозна или критична сосотјба односно 0,5 отсто.

САД и понатаму се на прво место по бројот назаразени и починати лица, со 15.370.339 случаи и 290.474 смртни случаи.

На второ место по бројот на заразени е Индија со 9.703.908 потврдени случаи, а на трето место е Бразил со 6.628.065 инфицирани лица. Во Индија од последици од новиот коронавирус починаа 140.994 луѓе, а во Бразил регистрирани се 177.388 смртни случаи.

На четврто местоо бројот на заразени е Русија со2,5 милиони случаи, а на петто место е Франција со над 2,2 милиони инфицирани луѓе.

Поврзани содржини