НАД 600 РУСКИ НАУЧНИЦИ СЕ ПРОТИВ ВОЈНАТА Нема наука без соработка со други земји
Спроведувањето научни истражувања е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји. Изолацијата на Русија од светот значи понатамошна културна и технолошка деградација на нашата земја во целосно отсуство на позитивни изгледи, стои во писмото.
Над 600 научници потпишаа писмо со кое ја осудуваат руската окупација на Украина, а го објавија на станицата tvr.science.ru. За научниците ова е предавство на генерации Руси и Украинци кои се бореле рамо до рамо во Втората светска војна. Уште повеќе, тие признаваат дека со санкциите кои ќе ја изолираат Русија научната работа нема да биде возможна, бидејќи научниците од различни земји мора да комуницираат.
„Спроведувањето научни истражувања е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји. Изолацијата на Русија од светот значи понатамошна културна и технолошка деградација на нашата земја во целосно отсуство на позитивни изгледи“, стои во писмото.
Научниците повикуваат на итно запирање на војната и бараат почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.