Над 60.000 земјодлеци побарале субвенции

Се поднесуваат барања за субвенции за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица.

265

Вкупно 60.350 земјоделци досега поднеле барања за субвенции, информира Министерството за земјоделство од каде што потсетуваат дека рокот за аплицирање истекува утре, на 31 јули.

– Сите земјоделци кои сакаат да ги поднесат своите барања можат да го сторат тоа самостојно, по електорнски пат преку регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk, заклучно со утрешниот ден (петок) до 00:00 часот – велат од Министерството.






Се поднесуваат барања за субвенции за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош, можат да се обратат во подрачните единици на Министерството. Доколку им е потребна дополнителна помош, може да се кават и телефонски, на контакт-броевите истакнати на веб страницата на МЗШВ.

Поврзани содржини