Над 53 милиони лица се заболени од ковид-19 во 210 земји
Најголема инциденца и смртност од коронавирусот има во САД, со речиси 11 милиони заразени и 248.000 смртни случаи.
Веб-страницата „Ворлдметар“ соопшти дека до синоќа во светот се изборени 5.3002.666 лица заразени со коронавирусот, а дека веќе умреле повеќе од 1,29 милиона.
Од почетокот на пандемијата, од крајот на декемеври минатата година кога се појави на пазар во кинескиот град Вухан, присуството на коронавирусот е регистрирано во повеќе од 210 земји и територии во светот.
Најголема инциденца и смртност од коронавирусот има во САД, со речиси 11 милиони заразени и 248.000 смртни случаи.
Следат Индија со 8,7 милиони, Бразил со 5,7 и Франција и Русија, кои се приближуваат кон билансот на два милиони заразени. Шпанија, Велика Британија, Аргентина, Колумбија и Италија имаат повеќе од милион пациенти.
Според „Ворлдметер“, само вчера беа пријавени повеќе од 570. 000 нови случаи на коронавирус ширум светот, а бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19 се зголеми за речиси 9.000 и надмина 1,29 милиона.