НАД 500.000 ГРАЃАНИ ВО МАКЕДОНИЈА ЖИВЕАТ СО 150 ДЕНАРИ ДНЕВНО, ТОА Е ПОРАЗИТЕЛНО Основа на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економска трансформација

Ќе направиме економска трансформација затоа што сегашниот раст од 1% не е домаќинска економија и низа мерки за подобрување на демографската слика, истакнува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

303

Основа на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економска трансформација на Македонија. Тоа е така затоа што има  инфлација од 19% и 1% раст на БДП, тоа не е домаќинска економија. Не можеме да зборуваме за стабилна економија ако инфлација стигнува и до 50%, значи многу повеќе од европската зона и сето ова е поврзано со корупцијата И криминалот кај нас, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ,Иванка Василевска во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

-Мора во оваа насока да кажам дека сликата во земјава е таква што има над 500.000 граѓани кои живеат со само 150 денари на ден. Тоа е поразително – рече Василевска.






Таа ја обвини власта предводена од СДСМ дека изминатите години се занимава само со лични интереси и како да се стават пари во џеб.

– На пример проблемот со немање учебници. Учебници нема затоа што коалициските партнери не можеа да се договорат за тоа кој ќе го земе процентот од печатењето на учебниците – вели Василевска.

Според Василевска, ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото  ќе стави акцент на демографијата.

– Луѓето не веруваат во системот, не веруваат дека ќе имаат квалитетно здравство,  не веруваат во судството, за сè треба познати и да се извади обичен документ. Системот не функционира и главно затоа си заминуваат. Реалната политика која ја нудиме е покрај економска стабилност да создадеме алатка луѓето да имаат волја да останат дома, во државава, а не да си одат – истакна Василевска.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ спомена неколку проекти како еднократна финансиска  помош за првородено дете од 250 евра, досега истата е 8.000 денари, еднократна помош за второ родено дете од 500 евра и 750 евра за трето и секое следно, како и за близнаци, потоа стимулативни мерки за вработени мајки или една година поврат на уплатен данок на личен доход  за првородено дете, две години поврат на уплатен данок за второ дете и за секое дете да има место во градинка.

Поврзани содржини