Над 50.000 негуватели за стари лица ѝ се потребни на Германија

Недостатокот на стручен кадар во здравството беше голем проблем за германскиот министер за здравство уште пред корона. До 2030 година тој број ќе се искачи на околу 300 000, проценува Германскиот совет за нега.

509

На Германија и недостасуваат 50.000 негуватели, а со оваа темпо до 2030 година би можело да има недостиг од 300.000. Министерот за здравство Јенс Спан сака да го реши овој проблем со работна сила од странство. Но, во времето на корона тоа не е многу лесно, пишува Дојче Веле.

Недостатокот на стручен кадар во здравството беше голем проблем за германскиот министер за здравство уште пред корона. До 2030 година тој број ќе се искачи на околу 300 000, проценува Германскиот совет за нега.






Ова не е нов проблем – уште од 2013 година во тек е програмата на Централното посредување за странски и квалификуван труд (ZAV) во рамките на Федералната агенција за труд. Под името “Triple Win”, старателите се регрутираат во странство.

Во средината на 2019 година министерот Спан сакаше да донесе малку повеќе свежина во офанзивата за барање работна сила. Тој прво отпатува за Косово, а потоа во Мексико за да склучи договори за вработување. Непосредно пред тоа, тој ја основа Германската агенција за квалификувана работна сила во секторите здравство и нега (DeFa) .

Пред сè, агенцијата треба да се грижи на стручниот работен кадар им го олесни влезот и излезот од земјата. Но, на прашањето на Дојче Веле, од Министерството за здравство, пристигна писмен одговор дека поради сегашните мерки поради пандемијата, носењето работна сила е „суспендирано на неодредено време“. А во (DeFa) веќе има 1.300 договори со работници од Мексико и Филипини.

Сепак, бројките не кажуваат многу за успехот на досега преземените мерки. Од 2013 година во Германија пристигнале околу 4.000 негователи и во тој број не се опфатени лица што дошле преку други агенции. И оваа година нема да биде подобра, имајќи предвид дека заради короната, „разговорите со негователи во земјите партнери се откажани и планирани за на лето“.

Поврзани содржини