Над 4 милиони евра за два месеца државата ќе заштеди од минималецот на функционерите

Тука имаме и други дополнителни мерки како оние за управните одбори се планира да изнесува 25.000 до 30.000 евра.

421

За два месеца од намалувањето на платите на функционерите во буџетот ќе се заштедат над 4 милиони евра, соопшти денеска на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Предвидено е заштедата да изнесува 250 милиони денари. Тука имаме и други дополнителни мерки како оние за управните одбори се планира да изнесува 25.000 до 30.000 евра. Дополнително е планирана мерката за запирање на хонорарите, односно авторските договори, надоместоци …. каде што засега не може да се каже вкупната бројка бидејќи тие се даваат по различни ставки, но сите тие ќе бидат насочени онаму каде што се потребни – рече Ангеловска.

Поврзани содржини