НАД 300.000 ВАКЦИНИ ЌЕ ЗАВРШАТ ВО КАНАЛИЗАЦИЈА Босна и Херцеговина мора да се ослободи од дозите со поминат рок

Крајниот рок за 340.183 дози вакцини против ковид-19 истекува следниот месец во Федерацијата БиХ, соопшти Институтот за јавно здравје на ФБиХ.

435

Во Босна и Херцеговина, која имаше големи проблеми со добивање вакцини против коронавирусот, стотици илјадници дози, на кои им изминува рокот за употреба, ќе бидат уништени во наредниот период.

Крајниот рок за 340.183 дози вакцини против ковид-19 истекува следниот месец во Федерацијата БиХ, соопшти Институтот за јавно здравје на ФБиХ.






Ако не се искористат навреме, 319.390 вакцини на Астра Зенека, 19.536 на Фајзер и 1.257 на Синовак ќе мора да бидат уништени. Вториот контингент вакцини, на кои им истекува рокот во ноември, е 25.170 Астра Зенека и 10.530 Фајзер, додека во декември истекува рокот за уште 64.350 вакцини.

Директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Зељковиќ, изјави дека повеќе од 55.000 вакцини на Астра Зенека веќе пропаднале. Рокот им изминал на крајот на јули и август, а сега се подготвува уништување.

Поврзани содржини