Над 3 милиони лица годинава ќе бидат невработени во Германија

Бруто домашниот производ во реална смисла е намален за 14,6 проценти во вториот квартал, велат експертите во извештајот објавен денеска.

236

Невработеноста во Германија ќе се зголеми за околу 520.000 луѓе или на над три милиони луѓе оваа година. Тоа го предвидува Институтот за истражување на пазарот на трудот „И-А-Бе“, кој е дел од сојузната агенција за труд.

Додека пандемијата на коронавирусот турка повеќе луѓе надвор од пазарот на труд, институтот предвидува пад на германската економија за 8,4 проценти во 2020 година, како резултат на пандемијата и најтешката рецесија од Втората светска војна.






Бруто домашниот производ во реална смисла е намален за 14,6 проценти во вториот квартал, велат експертите во извештајот објавен денеска.

Поврзани содржини