Познатиот човечки Кен, Родриго Алвеш од Бразил, пред неколку месеци изјави дека, всушност, целиот свој живот се чувствувал како жена, а сега повторно шокира. Имал повеќе од 200 операции на своето лице и тело и целосно се трансформирал, а сега отиде чекор подалеку – стана жена. Родриго сега се вика Роди, а своето идно ново име го чува во тајност.
Па така, Родриго всушност, ги поништи сите свои претходни изјави и го обезвредни сите пари потрошени за да се прикаже себеси како машката кукла Кен. Дури и од неговиот инстаграм-профил исчезнале сите фотографии од порано.
Имено, тој повеќе од 11 пати го оперирал носот, па сега одвај дише. Покрај операциите, Родриго одлучил да го промени и своето име, а сака да се оствари и како родител, пренесуваат странските медиуми.
– Се развив како личност и човечко суштество. Се родив како трансродна жена. Отсекогаш знаев дека сум жена, си играв со кукли и бев во контакт со својата женска страна. Потребно е да се сакате себеси. Сега би сакал да имам дете и да бидам со некој кој би ме прифатил ваков каков што сум – рекол Алвеш и додал:
„Треба да направам уште две или три операции за да ја завршам својата трансформација. Потоа, се колнам, ќе престанам со пластичните операции.“
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Back home 🇬🇧 from home 🇧🇷 #jetskilife #jetsetter #gucci #beauty #lifestyle #novababy #fashion