Над 20.000 починати од ковид-19 во Шпанија
Во последните 24 часа починаа 565 луѓе, што е мало намалување од 585 смртни случаи во однос на претходниот ден.
Бројот на починати од новиот коронавирус во Шпанија надмина 20.000 луѓе, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Во Шпанија починаа 20.043 луѓе од избувнувањето на епидемијата и таа земја, во светски рамки, е трета по смртност од Ковид-19. Во Европа, Шпанија е земјата со најмногу заразени, додека во светот, пред неа е само САД.
Во последните 24 часа починаа 565 луѓе, што е мало намалување од 585 смртни случаи во однос на претходниот ден.