НАД 2 МИЛИОНА ПРАШАЊА ЗА ПУТИН Годишна прес-конференција на претседателот на Русија
Прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека претседателот Путин се подготвува за настанот од среда.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да ја одржи својата традиционална годишна прес-конференција во Москва, на која неколку часа ќе одговара на прашања од домашни и од странски новинари за разни теми.
Годинава медиумскиот спектакл повторно ќе биде комбиниран со ТВ-емисијата „Директна линија“, во која руските граѓани можат да се жалат на своите проблеми, да го прашаат шефот на Кремљ за решенија и да го прашуваат за други теми.
Руската државна телевизија објави дека примиле повеќе од 2 милиона прашања.
Прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека претседателот Путин се подготвува за настанот од среда.
Многуте предизвици на земјата, вклучувајќи ја сиромаштијата и социјалните тешкотии, поплаките за здравствената заштита и лошата инфраструктура, се теми што се повторуваат низ годинте.
Војната во Украина, исто така, ќе биде една од главните теми на настанот.
Прес-конференцијата ќе се емитува низ цела Русија на телевизија и на интернет страници.
Минатогодишната прес-конференција траеше нешто помалку од четири и пол часа.