НАД 2.400 ДЕЧИЊА ВО СКОПЈЕ ЧЕКААТ ПРИЕМ ВО ГРАДИНКА Опозицијата ја обвини власта дека не работи ништо за најмладите
Од опозицијата истакнуваат дека во Кисела Вода 400 деца чекаат за прием во градинка, а пак во Гази Баба 460 дечиња. Во Аеродром бројот на деца кои чекаат за прием е 900, додека во Ѓорче Петров 500 дечиња.
Заради неспособноста на МТСП над 2.400 деца во Скопје чекаат за прием во градинка, со години немало изградба на нови објекти, реагираат од опозицијата.
– Откако СДСМ е на власт 5 години како централна власт и 4 години како локална власт во повеќе општини, немало никакви инвестиции во изградба на нови градинки. Неработењето на СДСМ во МТСП 5 години по ред, сега резултира со илјадници деца кои чекаат за прием во градинка – се вели во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека во Кисела Вода 400 деца чекаат за прием во градинка, а пак во Гази Баба 460 дечиња. Во Аеродром бројот на деца кои чекаат за прием е 900, додека во Ѓорче Петров 500 дечиња.
– Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на власта се заземаа за решавање со проблемот на недостаток на сместувачки капацитети, но проблемот кој е создаден со години не може да се реши за една година. Дополнително МТСП нема издадено 86 согласности за прием на вработени за градинки низ Скопје. Министерката Тренчевска не работи ништо – велат од партијата.