Над 2.300 медицински сестри и лекари чекаат вработување, а болниците кубурат со кадар
Меѓу оние што чекаат вработување се и 249 доктори по медицина, 19 доктори по општа медицина, 1 интернист и 10 доктори специјалисти од повеќе области.
Вработување чекаат 2.098 медицински сестри и техничари и 279 лекари, додека болниците во земјава кубурат со кадар или тој е преморен од ангажманот во борбата со коронавирусот. Посебен проблем е отворањето на нови оддели за сместување на болни од ковид-19 во некои болници бидејќи болниците немаат кадар.
Десетици медицински лица од почетокот на пандемијата беа заразени со ковид -19, а неколкумина починаа како резултат на компликации предизвикани од вирусот. Болниците кубурат со персонал, а сѐ поголем е притисокот на заболени пациенти во сите инфективни одделенија во земјава, каде се бара кревет повеќе. Се полнат и модуларните болници кои беа отворени за згрижување на пациенти кои имаат посериозни компликации како резултат на вирусот.
Според податоците на Агенцијата за вработување, од крајот на октомври на листата на чекање за вработување се 939 медицински техничари, 873 општи медицински сестри, 13 медицински сестри со виша школа, како и 23 медицински со виша школа и 11 високостручни медицински сестри, 4 медицински сестри специјализирани за интензивна нега. Меѓу невработените медицински сестри има 150 бабици и 35 педагошки медицински сестри.
Меѓу оние што чекаат вработување се и 249 доктори по медицина, 19 доктори по општа медицина, 1 интернист и 10 доктори специјалисти од повеќе области.
Овој медицински кадар е на списокот на невработени од 11 месеци до 2 години.
Деновиве има информации дека одделни болници за потребите на ковид-центрите имаат огласи за прием на медицински кадар.
Новото крило во струмичката болница не може да проработи поради немање кадар, барем така изјавува тамошниот директор. Во градската болница „8 Септември“ проширувањето на ковид одделот чека да заврши конкурсот за вработување на медицински кадар.
Потреба од медицински кадар имаат и приватните болници и установи каде што најчесто завршува медицински кадар кој ги напушта јавните здравствени установи.
П Р Е Г Л Е Д на невработени лица евидентирани во АВРСМ од профилот медицинска сестра и доктор по медицина, според време на чекање на вработување, со состојба на 31.10.2020 година со состојба на 31.10.2020 година |
||||||
Степен | Образовна установа | Профил на образование | Невработени лица | Време на чекање на вработување | ||
до 11 месеци | од 12 до 23 месеци | 2 години и повеќе | ||||
4 | Средни училишта – медицински | МЕДИЦИНСКА сестра (МЕДИЦИНСКИ техничар) | 939 | 530 | 160 | 249 |
4 | Средни училишта – медицински | МЕДИЦИНСКА сестра – БАБИЦА | 150 | 85 | 23 | 42 |
4 | Средни училишта – медицински | МЕДИЦИНСКА сестра – ПЕДАГОШКА | 35 | 17 | 7 | 11 |
4 | Средни училишта – медицински | МЕДИЦИНСКА сестра | 873 | 607 | 205 | 61 |
VA | Виши училишта – медицински | Виша МЕДИЦИНСКА сестра | 13 | 7 | 3 | 3 |
VIБ | Високо стручни школи – медицински | Специјалист МЕДИЦИНСКА СЕСТРА-ОПШТА НАСОКА (180 ЕКТС) | 10 | 3 | 1 | 6 |
VIБ | Високо стручни школи – медицински | Дипл. МЕДИЦИНСКА СЕСТРА (180 ЕКТС) | 49 | 34 | 7 | 8 |
VIA | Високо стручни школи – медицински | Специјалист МЕДИЦИНСКА СЕСТРА-ОПШТА НАСОКА | 11 | 6 | 4 | 1 |
VIA | Високо стручни школи – медицински | Дипл. МЕДИЦИНСКА СЕСТРА | 14 | 8 | 3 | 3 |
VIA | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА | 249 | 212 | 27 | 10 | |
VIA | Факултети – медицински науки | Дипл. стручна МЕДИЦИНСКА сестра ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА | 4 | 2 | 1 | 1 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ПО ОПШТА МЕДИЦИНА | 19 | 13 | 3 | 3 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ИНТЕРНИСТ | 1 | 0 | 1 | 0 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ПЕДИЈАТАР | 1 | 0 | 0 | 1 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ПСИХИЈАТАР | 1 | 1 | 0 | 0 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГ | 1 | 1 | 0 | 0 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГ | 1 | 1 | 0 | 0 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист КИНЕЗОТЕРАПЕФТ | 1 | 0 | 0 | 1 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ПО АБДОМИНАЛНА ХИРУРГИЈА | 1 | 1 | 0 | 0 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ПО ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА | 1 | 1 | 0 | 0 | |
VIIБ | Факултети – медицински науки | ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА – Специјалист ПО ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА | 3 | 3 | |||