Над 19.000 граѓани заработија прекршоци за неносење заштитна маска

Само во изминатото деноноќие на територијата на целата држава за непочитување на одлуката за носење на лична заштита на лицето се сакционирани 805 лица.

674

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот „Фејсбук“ профил објави дека полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од ковид-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

– Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19.002 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 805 прекршоци во изминатото деноноќие. Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 448 контроли во објекти при што евидентиран e 1 објект коj не ги почитувал одлуките на владата – соопшти Чулев.






Тој додаде дека на територијата на целата држава на вкупно 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 4 лица кои не ги почитувале овие мерки, а во државен карантин се спроведени вкупно 150 лица.

– Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала – вели министерот.

Поврзани содржини