Над 17.000 гастарбајтери останаа дома, чекаат вакцина и отворање на границите за да се вратат

Во оваа криза на работдавачите им е најважно да  ги задржат редовно вработените и се помалку мислат на сезонски вработувања на странци.

1,354

Коронакризата заглави во земјава над 17.000 луѓе кои во овој период одат на сезонска работа во странство главно во туристичките земји и како градежни или земјодлески работници. Скоро и да нема работа на брод. Голем број развиени земји поради зголемениот број отпуштања од работа на нивните државјани најавија и промена на политиката на примање работници од странство и се фокусираат на обезбедување работа за своите граѓани. Во оваа криза на работдавачите им е најважно да  ги задржат редовно вработените и се помалку мислат на сезонски вработувања на странци.

Ова е шанса, велат експерти, за домашните компании кои се жалат дека немаат работници, да привлечат колку што можат повеќе повратници од странство, но за тоа ќе треба и да создадат услови да ги задржат што е тешко во оваа криза.






Скопјанка кој секоја година оди на работа во Малта се жали дека кога се вратила пред половина година не се надевала дека ќе има ваква криза и дека ќе мора да остане дома и да преживее со заработеното бидејќи тешко може да најде работа во земјава.

– Со сопругот одиме веќе неколку години во Малта. Работиме во хотели каде што имаме добри плати и добро живееме. Сега поради короната сме принудени да останеме дома и да го трошиме заработеното. Не знам кога ќе имаме можност повторно да се вратиме таму. Овде нема шанси за вработување, а и платите се ниски за ист работен ангажман. Сепак, не е исто да работиш овде и во некоја земја од ЕУ – вели таа.

Од агенциите кои вработуваат во странство велат дека работата им е сведена на нула бидејќи нема побарувачка на раобтници во странство. Се обидуваат да преживеат до пронаоѓањето на вакцина за ковид-19 кога се надеваат ќе се отворат перспективите за нивна работа. Како сектор до сега не се опфатени со владините мерки за поддршка.

–  Целиот пазар за стански работници е затворен.Туризмот и угостиелството се најпогоедни од кризата, а нашинците најчесто одат да работат во туристичките земји. И оние малку работници кои успеаја да заминат во странство, таму не ја добија работата бидејќи хотелите и угостителските објекти немааат гости, па сега останаа заглавени таму без работа и пари. Во Хрватска каде што вообичаено има голема побараувачка во летниот период сега туризмот стагнира и нема побарувачка на работници. Токму од таму ни се жалат дека останале заглавени без работа и бараат некако да се вратат. Во Црна Гора е исто, како и во Грција и другите туристички земји во кои главно се вработуваа странци – вели Зоран Кочовски од агенцијата „Коузон“.

Статистичкитеп одатоци од некои од земјите каде што најчесто одат нашите сограѓани да зарабтуваат говорат дека туристичкиот и угостителскиот сектор не бара работници, а во другите сектори тешко може да се стигне на роабнотното место и покрај тоа што ќе се добие. Во Хрватска на пример според тамошната државната статистика за пет месеци се барале само 4.094 келнери и 609 рецепционери.

Кочовски вели дека и највисокоплатената и најпривлечната работа за нашите сограѓани – работата на брод е сведена на нула, а сите кои беа на бродови се вратени дома и чекаат нова прилика.

– Ние можеме да регрутираме работници, но како ќе стигнат до бродовите и кој ќе им гарантира дека ќе се качат воопшто на брод, бидејќи бродовите немаат патници – вели тој.

Според него, застој има и кај струдентските екскурзии и работа и учење во САД.

–  Ќе треба многу време да се стабилизира состојбата. Се надеваме дека тоа ќе се случи по пронаоѓањето на вакцина за ковид-19 иако мислам дека луѓето се исплашени и немаат доверба и тешко ќе оди отворањето на пазарот за сезонски и секаков вид работници. Нема ниту планови што ќе се прави понатаму зашто состојбата е неизвесна  –додава тој.

Сега и бугарски пасош кој беше виза за вработување во стрнаство не е на цена а индивидуалното заминувања во странство  е тешко зашто европските земји се повеќе се затвораат за странски работници и тешко ги задржуваат редовно вработените, а уште потешко да отворат работни места за нови или сезонски работници.

– Имам договорено вработување и секако ако е потребно и да останам во карантин во Швајцарија, но никако не можам да стигнам таму поради затворањето на границите. Мои пријатели се обидао преку Бугарија да стигнат таму, но авионот од Софија не полета. Мораа да се вратат назад. По секоја цена ќе отидам таму зашто овде нема раобта за мене иако , велат мојата струка – багерист е барана – вели тетовец.

Експертите, пак, велат дека ова е шанса за работодавачите во земјава кои се жалат дека немаат работна рака да се обидат да ги вработат овие работници, а државата да го помогне нивното вработување.

 

 

Поврзани содржини