Над 100 милиони луѓе заразени од ковид-19 во светот
Оздравени се 73.903.379 пациенти, а има 25.949.183 активни случаи, додека 109.706 лица (0,4 проценти) се во сериозна состојба.
Бројот на заразени од ковид-19 денеска надмина 102 милиони лица, според податоците на интернет страницата Ворлдметерс.
Во моментот, од избувнувањето на пандемијата, во светот се заразени 102.057.347 лица, а животот го загубија 2.201.325 лица (три проценти).
Оздравени се 73.903.379 пациенти, а има 25.949.183 активни случаи, додека 109.706 лица (0,4 проценти) се во сериозна состојба.
САД се најтешко погодени од пандемијата, со заразени повеќе од 26 милиони луѓе, следат Индија со 10,7 милиони и Бразил со девет милиони заразени.