Над 10 милиони заразени со ковид-19 во Европа

272

Повеќе од 10 милиони случаи на заразени со новиот коронавирус се регистрирани во Европа откако првпат го погоди континентот на почетокот на годината, според здравствените власти.

Регионот, со 52 земји, сега е трет најпогоден во светот по Јужна Америка и Карибите со 11,2 милиони случаи и Азија со 10,5 милиони.






Во однос на смртните случаи, во Европа има 275.000 жртви – зад Јужна Америка и Карибите, кои имаат 275.000, но пред САД и Канада со 239.000.

Поврзани содржини