Над 1,8 милиони Американци ја примиле првата доза од вакцината

Вакцинацијата во САД започна на 14 декември со здравствени работници, а 38 држави ги пријавија први 211.086 администрирани дози.

398

Првиот бран вакцини против ковид-19 до сега ја примиле повеќе од 1,8 милиони луѓе во пет земји, покажуваат податоците на магазинот Bloomberg. Медиумот пишува дека ова е почеток на најголемата кампања за вакцинација во историјата и еден од најголемите логистички предизвици досега преземени.

Вакцинацијата во САД започна на 14 декември со здравствени работници, а 38 држави ги пријавија први 211.086 администрирани дози. Овие бројки се очекува да се зголемат во наредните денови откако во петокот беше одобрена слична вакцина, произведена од страна на „Модерна“.






Вакцината на „Фајзер“ вклучува две дози кои треба да се примат во период од три недели. Првите дози од вакцините во САД се распоредуваат на неделно ниво и според планот на американската администрација планирано е најдоцна до утре да бидат распределени 5,1 милион дози.

Вторите дози се чуваат во резерва и ќе започнат да се испорачуваат во серии три недели по распределбата на првата доза. Вакцината се дистрибуира врз основа на популацијата на државата.

САД и Канада се помеѓу првите држави кои ја одобрија вакцината произведена од страна на „Фајзер“ и „Бионтек“, а со очекува веќе следната недела истото да го направи и Европската унија.

Поврзани содржини
na