Над 1.650 оџаци повеќе нема да го загадуваат Скопје, исцрпении субвенциите за клими
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.
Градот Скопје ги информира граѓаните дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се исцрпени.
– Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана – велат од Градот.
Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 1.656 пријави.
– Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2021 година, до завршувањето на повикот на 01.11.2021 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн – стои во соопштението.
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.