НАД 1.500 ДИВИ ТАКСИСТИ ИМА ПО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ Групацијата на такси превозници бара помош од Градот

Од Групацијата на авто такси превозници велат дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат проблеми со издавањето на лиценци.

212

Скопските такси превозници веќе подолго време имаат проблеми со кои се соочуваат па поради тоа од Групацијата веќе испратиле писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од која бараат помош во решавањето на нивните проблеми.

– Веќе со години владее хаос во такси превозот во главниот град, поради тоа бараме решение на нашите проблеми – рече првиот човек на групацијата, Сашо Рајчановски во гостувањето на Телма.






Тој вели дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат проблеми со издавањето на лиценци.

Според него, многу таксисти возат без лиценца, а има и такви кои се лиценцирани, но без фискални таксиметри или со диво наштелувани таксиметри.

– Низ скопските улици има над 1.500 диви таксисти, а со решавање на овој проблем, се очекува намалување на бројот на невработени во Агенцијата за вработување, но и полнење на буџетот на Македонија со околу 200.000 евра месечно – посочува Рајчановски.

Поврзани содржини