Над 1.000 вработени се заболени со ковид-19 во концернот „Тунис“

По масовната појава на коронавирус во кланиците на „Тенис“, Клименс Тенис ги отфрли сите шпекулации во врска со неговата оставка.

486

Во германскиот концерн „Тунис“, бројот на вработени заразени со коронавирусот се зголеми на 1.029, поради што првиот човек на гигантската индустрија за месо, Клеменс Тунис стана мета на критики, со барања да поднесе оставка.

По масовната појава на коронавирус во кланиците на „Тунис“, Клименс Тунис ги отфрли сите шпекулации во врска со неговата оставка.






– Ќе ја изнесам компанијата од оваа криза. После тоа, ќе видиме што ќе се случи следно, рече тој.

Тоа е неговиот одговор на писмото на неговиот чичко Роберт Тунис кој го повика да поднесе оставка и да му ја препушти раководната функција на својот син Макс.

Клеменс Тунис ги отфрли сите обвиненија од окружните власти дека бил некооперативен во проследувањето на информации за адресата на живеење на вработените.

– Имаме правни проблеми поврзани со заштитата на податоците“ истакна Тунис и додаде дека врз основа на законот за работни односи компанијата не смее да ги чува адресите на вработените

Поврзани содржини