НАД 1.000 МРТВИ ВО ШПАНИЈА ПОРАДИ ЖЕШТИНИТЕ Последниот 16-дневен топлински бран однесе 1.149 животи

Системотна Институтот за истражување на јавното здравје секојдневно го анализира бројот на смртни случаи во Шпанија и го пресметува отстапувањето од очекуваната стапка на смртност врз основа на евидентираните податоци од претходните години.

80

Смртните случаи на 1.149 лица во Шпанија може да се припишат на неодамна завршениот 16-дневен топлински бран, проценува Институтот за истражување на јавното здравје „Карлос Трети“.

Системот „МоМо“ (Мониторинг на смртноста) на Институтот секојдневно го анализира бројот на смртни случаи во Шпанија и го пресметува отстапувањето од очекуваната стапка на смртност врз основа на евидентираните податоци од претходните години.






Системот вклучува надворешни фактори што можат да го објаснат отстапувањето, особено температурите објавени од Националната метеоролошка агенција.

Системот не може да ја утврди апсолутната каузалност на смртните случаи и метеоролошките услови, но овие статистики претставуваат најдобра проценка за бројот на смртни случаи за кои жештината е одлучувачки фактор.

Во јули, „МоМо“ припиша околу 1.060 смртни случаи на топлотниот бран, што претставува зголемување од 50% во споредба со јули 2024 година.

Поврзани содржини