НАД 1.000 МРТВИ ОД КОРОНА ВО РУСИЈА ЗА ЕДЕН ДЕН Ја имаат Спутник V, но нејќат да се вакцинаат
Иако Русија постојано развива свои вакцини и има доволна количина за сите, неодамнешните анкети за јавното мислење сугерираат дека над 50 отсто од Русите не сакаат да се вакцинираат.
Над 1.000 мртви од коронавирус во еден ден беа причина Русија денеска да го достигне првото место во смртност во Европа, а владата за катастрофата го обвини рускиот народ кој слабо се вакцинира, пишува Би-би-си. Само околу една третина од населението е вакцинирано, а досега починале 222.000 луѓе.
Но, за разлика од повеќето европски земји Русија одбива да воведе посериозен карантин и ковид-мерки со изговор дека треба да ја одржува својата економија во функција. „Во ситуација кога инфекциите растат, неопходно е да продолжите да им објаснувате на луѓето дека мора да се вакцинираат“, вели Дмитриј Песков.
– Навистина е неодговорно да не се вакцинираат. Тоа убива – додава тој.
Руската влада инсистира на тоа дека здравствениот систем не бил преоптоварен и може да се справи со зголемениот број пациенти. Сепак, министерот за здравство Михаил Мурашко ги повика лекарите кои ги напуштија своите практики поради стравувањата од коронавирус да се вакцинираат и да се вратат на работа.
Бројот на активни случаи на заразени луѓе во Русија е околу 750.000 – исто така највисок од кога започна евиденцијата во февруари 2020 година. Се смета дека има до 8 милиони инфекции од почетокот на пандемијата.
Иако Русија постојано развива свои вакцини и има доволна количина за сите, неодамнешните анкети за јавното мислење сугерираат дека над 50 отсто од Русите не сакаат да се вакцинираат.
Руската вакцина Спутник V ја одобрија околу 70 земји во светот, но не и од Светската здравствена организација. Ова предомисли дел од руските граѓани кои наместо во Русија отидоа да се вакцинираат во други земји за да дојдат до Фајзер, Модерна и други производители.