НАД 1.000 ЧАСА БЕЗ ГЛОБАЛНА МРЕЖА Најдолгиот интернет колапс досега во Иран

Иранските граѓани се без пристап до глобалниот интернет повеќе од 1.000 часа, додека, според „NetBlocks“, државата функционира во режим на ограничен интранет, при што само одредени институции имаат целосен пристап до мрежата.

62

Иранските граѓани се без пристап до глобалниот интернет повеќе од 1.000 часа, јавува ДПА, повикувајќи се на податоци од организацијата „NetBlocks“, која ги следи прекините и ограничувањата на интернет пристапот ширум светот.

Според „NetBlocks“, станува збор за најдолгото забележано целосно или речиси целосно национално исклучување на интернет во која било држава досега.






По, како што се наведува, првичните напади од Израел и Соединети Американски Држави врз Иран на 28 февруари, поголемиот дел од населението во земјата има пристап само до ограничена внатрешна мрежа – таканаречен интранет, кој нуди исклучиво содржина одобрена од државата.

Во меѓувреме, ограничен круг на воени и владини структури, според извештаите, продолжува да има непречен пристап до глобалниот интернет.

Иранските медиуми, и покрај ограничувањата, продолжуваат да објавуваат информации преку платформи како „Telegram“ и „X“, кои се блокирани за поголемиот дел од корисниците во земјата.

Поради рестрикциите, користењето на „VPN“ услуги стана секојдневие за многу Иранци кои се обидуваат да пристапат до социјални мрежи и отворен интернет. Сепак, врските често се бавни, нестабилни и подложни на прекини, што дополнително го отежнува комуницирањето и пристапот до информации.

Поврзани содржини