НАЦИЗМОТ Е ПРИФАТЛИВ ЗА ЕВРОПА Лавров предупредува дека идеологијата повторно се шири

НАЦИЗМОТ Е ПРИФАТЛИВ ЗА ЕВРОПА Лавров предупредува дека идеологијата повторно се шири

88

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека постојат обиди нацизмот да се претстави како прифатлива идеологија во Европа.

На церемонијата за полагање цвеќе на спомен-плочите на ветераните од руското Министерство за надворешни работи, по повод Денот на дипломатскиот работник, Лавров ја нагласи важноста на зачувувањето на сеќавањето на борбата против нацизмот, со цел да се спречи неговото оживување во која било форма.






Оваа година се одбележува 80-годишнината од завршувањето на Нирнбершките судења, на кои воените злосторници на Третиот рајх беа осудени за геноцид врз народите на поранешниот Советски Сојуз.

– Ќе продолжиме да работиме за да обезбедиме одлуките на Нирнбершкиот трибунал да останат неповредливи и злосторствата што беа осудени засекогаш никогаш да не се повторат никаде — ниту во Украина ниту во други делови од Европа – истакна Лавров.

Тој додаде дека „нацистичките темели“ во Украина мора да бидат отстранети како услов за обезбедување на безбедноста на Руската Федерација.

Поврзани содржини