НАЦИСТИЧКИТЕ КРИМИНАЛЦИ НЕ СЕ ПРЕДМЕТ НА РАЗМЕНА Претседателот на руската Дума бара судење за борците од челичарницата
Некои од украинските борци во Мариупол припаѓаат на крајнодесничарскиот националистички полк Азов, кој Москва го смета за неонацистичка единица. Володин нагласи дека Русија прави сѐ за да им обезбеди медицинска помош на повредените украински затвореници и да се однесува хумано кон нив.
Претседателот на рускиот Парламент Вјачеслав Володин е против размена на затвореници по заробувањето на украинските борци во пристанишниот град Мариупол, пренесе ДПА.
– Нацистичките криминалци не се предмет на размена. Тие се воени злосторници и мораме да направиме сѐ за да ги изведеме пред лицето на правдата – рече Володин за време на пленарна седница.
Украина, од своја страна, се надева на размена на повеќе од 260 свои војници кои ја напуштија челичарницата „Азовстал“.
#Ukraine The Russians showed footage of yesterday’s withdrawal of Ukrainian servicemen from Azovstal. Ukrainian fighters carried the wounded soldiers on stretchers.
Today, the Russian Duma speaker Volodin said he wants to ban them from being exchanged for Russian war prisoners pic.twitter.com/EDjvdQ4sPl
— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) May 17, 2022
Некои од украинските борци во Мариупол припаѓаат на крајнодесничарскиот националистички полк Азов, кој Москва го смета за неонацистичка единица. Володин нагласи дека Русија прави сѐ за да им обезбеди медицинска помош на повредените украински затвореници и да се однесува хумано кон нив.
– Но, што се однесува до нацистите, нашата позиција мора да остане цврста, бидејќи тоа е една од целите на специјалната воена операција – рече тој, користејќи го официјално одобрениот термин од Москва за војната.
Додека со ова повлекување Мариупол е официјално под руска контрола, војната продолжува во другите делови на Украина. Синоќа бил гранатиран западниот град Лавов. Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека руска крстосувачка ракета лансирана од морето во текот на ноќта погодила инфраструктурни цели во близина на градот.
Од друга страна, Русија објави дека уништила пратка со американско и европско оружје.
Според регионалниот гувернер, погодена е железничка инфраструктура. Русија ги напаѓа сообраќајните центри и складиштата за гориво во близина на Лавов во обид да ја попречи испораката на оружје.