НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ! Мицкоски за Стратегиската линија на ВМРО-ДПМНЕ
Јазикот, историјата и културата се фундаментални државни столбови. Компромисите во меѓународната политика може да бидат технички, но не смеат да бидат суштински – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја. За Македонија ова е особено важно: државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното постоење”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на отворањето на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030″.
Претседателот Мицкоски потенцираше дека Македонија може да чекори сигурно кон Европа само доколку е стабилна во сопствената самосвест и цврста во заштитата на својот идентитет. Во таа насока, претседателот Мицкоски ја презентираше стратегиската рамка на ВМРО-ДПМНЕ:
„Националниот идентитет не е предмет на преговори; почитта кон другите идентитети е вредност, но не на сметка на сопствениот.
Јазикот, историјата и културата се фундаментални државни столбови.
Компромисите во меѓународната политика може да бидат технички, но не смеат да бидат суштински.
Државното достоинство не е реторика, туку практична политика”, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги зачувува традицијата и идентитетот, но истовремено гради динамична економија и институции што ја штитат слободата. Тој нагласи дека партнерството со НАТО и ЕУ треба да биде рамноправно и дека европска Македонија е возможна само ако е сигурна во својата самосвест и национален идентитет.
,,Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно. ВМРО-ДПМНЕ не е радикална десница, ниту класичен конзервативизам затворен во минатото. Центар-десната модернизација подразбира држава што ги зачувува вредностите, традицијата и идентитетот, но истовремено гради динамична економија, иновативна администрација и институции што ја штитат слободата, приватната иницијатива и достоинството на граѓаните”, истакна Мицкоски и додаде:
,,ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како политичка сила што ги обединува најдобрите традиции на европската конзервативна мисла: развој без идеолошка агресија, патриотизам без исклучивост, економија што создава можности и држава што обезбедува поддршка за најранливите”.
Мицкоски посочи дека Македонија може да биде европска доколку е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет.
,,Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја. За Македонија ова е особено важно: државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното постоење”, вели Мицкоски.