Националната комисија за УНЕСКО се состана, но не расправаше за Охрид

Членовите на Националната комисија беа запознаени со трите македонски проекти од областа на културата, науката и заштитата на животната средина кои се одобрени во рамките на Програмата на УНЕСКО за партиципација за 2020-2021 година.

319

Националната комисја за УНЕСКО на земјава денеска одржа конститутивна седница на која се запознала со проектите, но не расправала за извештајот за Охрид.

Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите кои се поврзани со светската организација.






На седницата, како што соопшти Министерството за култура, биле посочени и приоритетите на земјава пред следната Годишна конференција на светската организација, а кои се однесуваат на потребата за зајакнување на соработката на нашата земја со УНЕСКО во сите програмски области и на сите нивоа (комитети, одбори и сл.) и поголемо учество на младите во активностите на организацијата.

Комисијата беше информирана и за поднесената апликација за поставување на црквата „Св.Ѓорги“ во Курбиново на тентативната (пробна) листа на УНЕСКО. Ова е прва апликација за запишување на листата за светско културно и природно добро од нашата земја до УНЕСКО по 1978 година, кога Охридскиот регион бил впишан на оваа листа.

Членовите на Националната комисија беа запознаени со трите македонски проекти од областа на културата, науката и заштитата на животната средина кои се одобрени во рамките на Програмата на УНЕСКО за партиципација за 2020-2021 година.

На следната седница Националната комисија ќе го разгледа Извештајот за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот за спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесена на неговата 43 сесија (Баку, Азербеџан, 2019), како и финалниот извештај по Реактивната мисија во Охридскиот регион кој ќе биде официјализиран на почетокот на февруари, стои во соопштението.

Поврзани содржини