Национализмот раѓа национализам

Поради вакви спирали го имавме најголемиот конфликт во Европа после Втората светска војна и уште многу крв, смрт и болка.

1,803

Иако ова е смешно со Дуа Липа, Некст Тајм, сигурно има и во Србија реакции, не е смешно што многу млади луѓе се огледуваат на то. Се гордеат со нивната идеја на Голема Која И Да Е економски, технолошки, општествено, културно, образовна дупка на Европа.

Во исто време ги напаѓаат и другите со што се создава омраза кон луѓе што не ни ги знаеш.






Спирала во која на едниот национализам се враќа со друг па потоа на повратниот одговор има уште повеќе национализам.

Поради вакви спирали го имавме најголемиот конфликт во Европа после Втората светска војна и уште многу крв, смрт и болка.

Големите држави се концепт од 19-ти век, изгледа некои уште не се влезени во 20-тиот. А многумина и од политичарите знаат убаво да ги раскажуваат тие бајки за да може полесно да спие гладниот народ.

(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)

Поврзани содржини