Посетителите на националните паркови во Тајланд би можеле наскоро да почнат да примаат пакети во кои управата им го враќа ѓубрето кое го сотавиле при посетата.
По бројните посетители кои оставале куп ѓубре во минатиот викенд во Националниот парк во близина на Банкок, министерот за животна средина ѓубрето го спакувал и на сопствениците им го пратил по пошта.
– Го собравме ѓубрето го спакувавме во картонски кутии и ви го праќаме дома. Ова би требало да ве подучи никогаш повеќе и никаде да не фрлате ѓубре – пишува во пораката приложена во пакетот.
Камперите по доаѓањето се пријавуваат во управата и лесно е да се дознае нивната точна адреса и локацијата на нивниот шатор до кој е оставен отпадот.
Со кутијата со ѓубре несовесните кампери ќе добијат и пријава од локалната полиција за кршење на прописите за националните паркови.
– Ѓубрето може да биде опасно за животните како срните, ако го изедат особено пластичниот отпад кој луѓето го оставаат.
Валкањето на околината со ѓубре казниво е со затвор до 5 години или со глоба од 16.000 долари според тајландскиот закон за заштита на околината.