Национален фитнес ден прв пат и кај нас – бесплатно вежбање со врвни инструктори

394

Стотина фитнес центри, спортски клубови од најразлични спортови и спортски организации денеска ќе ги отвораат вратите или ќе ги дисперзираат своите активности, овозможувајќи бесплатен пристап до нивните услуги со цел популаризација на фитнесот и физичката активност во своите заедници во рамки на првиот Национален фитнес ден во нашата држава.

Националниот фитнес ден традиционално се одржува во сите европски земји, а своите почетоци ги бележи во Британија каде што фитнес секторот се обединува во национална акција веќе седум години.






Националниот фитнес ден кај нас го организира Здружението за унапредување родова еднаквост ТАКТ од Скопје како партнер на UK Active од Велика Британија каде веќе седум години се слави фитнесот како активност што придонесува за подобро здравје на луѓето.

– Национален фитнес ден е најактивниот ден од годината и ден кога се слави физичката активност и нејзината улога. За првпат во нашата држава овој ден го организираме во партнерство со стотина различни спортски организации и спортски работници, тренери, спортисти, но сите активности со наицонална кампања се промовирани и се отворени за секој граѓанин, со цел вклучување поголем број луѓе во физичики активности, за подобрување на здравјето. Во текот на деноот на различни локации, во различни периоди од денот и во речсии сите градови, од Струмица, Струга, Куманово, Крива паланка, Кавадарци, Кратово, Маврово, Гостивар, буквално насекаде, се до Скопје ќе се вежба, со надеж дека овој Национален фитнес ден ќе стане традиција и ден кога луѓето од сите возрасти, различни социјални и етнички структури и со различни физички способности ќе се здружуваат во прослава на фитнесот, а тоа ќе го практицираат и во текот на целата годин -, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.

Националниот фитнес ден е ден што ќе ја обедини нацијата во една голема цел, а тоа е промоција на физичката активност и здрав и активен живот за сите.

Познати професионалци фитнес-тренери се амбасадори на Национален фитнес ден РС Македонија: Елена Бубало Михајловска, Атанас Михајловски, Надица Јовановиќ, Софија Манчева и Марио Јовановски, кои на различни локации денес попладне во Скопје ќе одржат настани, согласно сите протоколи за заштита.

 

 

 

Поврзани содржини