НАБАВИЛЕ ОБРАСЦИ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, А ЗНАЕЛЕ ДЕКА РОКОТ ИМ ОДМИНУВА Партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски им стегна кривични на Оливер Спасовски и на МВР

Од партијата ЗНАМ велат дека како општествено одговорна партија и сега и во иднина ќе ги бранат интересите на македонските граѓани и силно ќе се борат против кршењето на законите, неправдата и корупцијата.

1,168

Партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, но и против Министерството за внатрешни работи поради набавката иа стари обрасци за издавање лични документи со тогаш веќе неуставното име на државата, информираше партијата преку соопштение.

„Кривичната пријава се поднесува затоа што во периодот од 12.02.2019 година некаде до средината на 2021 година пријавените вршеле набавка на стари обрасци за издавање на официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија со тогаш веќе неуставното име на државата, со што овозможиле изработка и издавање на официјални лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година. Во истиот период издавале и официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија на обрасци со поранешното име на државата, односно користеле обрасци коишто не требало да се користат. Понатаму, не ги преземале сите дејствија коишто требало да бидат преземени за навремена набавка на соодветни обрасци за издавање на лични документи со уставното име на државата, односно доцнеле со набавката на соодветни обрасци и пропуштиле да преземат соодветни дејствија со цел навремено известување на граѓаните на Република Северна Македонија дека рокот на важност на официјалните лични документи издадени на старите обрасци истекува на 12.02.2024 година. Со овие дејствија постои основано сомневање дека пријавените ги сториле кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 1 од Кривичниот законик и несовесно работење во службата по член 353-в од Кривичниот законик“, наведено е во соопштението.






Од партијата ЗНАМ велат дека како општествено одговорна партија и сега и во иднина ќе ги бранат интересите на македонските граѓани и силно ќе се борат против кршењето на законите, неправдата и корупцијата.

Поврзани содржини