Најзгодниот турски актер ја потврди врската со најубавата италијанска новинарка ФОТО

2,681

Турскиот актер Џан Јаман (31) потврди врската со една од најубавите спортски новинарки Дилета Леота (29).

Имено, актерот на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира со Дилета на стрелиштето.






„Опасна двојка“, напиша тој на италијански јазик под фотографијата.

За нивната врска почнаа да се шушка на почетокот на оваа година кога Џан и Дилета престојуваа во ист хотел во Рим. Италијанските весници наголемо се распишаа и објавуваа фотографии од новопечената двојка.

– Џан и Дилета се забавуваат од минатиот декември и се многу за вљубени. Тој го направи првиот чекор и ја контактираше Дилета преку Инстаграм – изјави извор за „Венити фер“.

Атрактивната водителка ја раскина долгогодишната врска со боксерот Даниеле Скардин кон крајот на минатата година.

Инаку, турскиот актер кој повремено работи како модел и е познат како еден од најпосакуваните мажи во светот по потекло е од Косово, што тој самиот го изјави во едно интервју.

– Дедо ми живееше во Приштина, каде што е и роден. Никогаш не сум бил таму, не го знам јазикот. Моите родители се родени во Истанбул, како и јас – рекол тогаш актерот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

 

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини