НАЈЗГОДНИОТ ПОЛИТИЧАР СЕ РАЗВЕДУВА Канадскиот премиер Џастин Трудо по 18 години брак ќе се раздели со сопругата Софи

Веста беше објавена на нивните страници на Инстаграм и на англиски и на француски. Во објавата се наведува дека „би сакале да го споделат фактот дека по многу значајни и тешки разговори донеле одлука да се разделат“.

551

Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи во денеска објавија дека се разделуваат. Трудо (51) и Софија (48) се венчаа на крајот на мај 2005 година. Имаат три деца. Веста беше објавена на нивните страници на Инстаграм и на англиски и на француски. Во објавата се наведува дека „би сакале да го споделат фактот дека по многу значајни и тешки разговори донеле одлука да се разделат“.

Софи на својот Инстаграм профил објави речиси идентична порака. Канцеларијата на Трудо соопшти дека двајцата потпишале спогодбен развод. „Тие работеа за да обезбедат дека се преземени сите правни и етички чекори во врска со нивната одлука да се разделат и ќе продолжат да го прават тоа понатаму“, се вели во соопштението.






Откако Трудо стана премиер кон крајот на 2015 година, тој и Софи често беа видени заедно на социјални настани и на патувања. Но, тоа се промени во последната година. Џастин и неговата сопруга имаат три деца. Хавиер (15), Ела Грејс (14) и деветгодишниот Адриен. Медиумите пишуваат дека во јавноста со години се шпекулира за лоши односи во семејството Трудо, но нивниот брак никогаш досега не бил тема.

Двајцата отпатуваа во Лондон во мај на крунисувањето на кралот Чарлс и беа заедно кога американскиот претседател Џо Бајден го посети кон крајот на март.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Trudeau (@justinpjtrudeau)

Поврзани содржини