НА ЗЕМЈАВА Ѝ ТРЕБА БАЗНА ЕНЕРГИЈА Мицкоски предлага да се модернизираат РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека токму енергетиката треба да се подигне на повисоко ниво на интерес на идната влада и предлага формриање на министерство за енергетиката, рударството и минералните суровини.

306

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета енергетиката е основа на економијата и затоа  земјава треба да има сопствен произведен центар на базна електрична енергија, односно да се модернизираат РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, а не земјава да се потпира на приватни инвестира во фотоволтаични централи чија енергија сега во земјата се користи само 20 %.

– Кога мене би ме прашале како ја гледам иднината, ние мора да имаме како држава базна енергија. Ние мора да имаме производен центар кој што ќе произведува базна енергија. Без базна енергија која што ќе биде најмалку 50-тина проценти од портфолиото на државата ние како држава не можеме да функционираме – вли Мицкоски.






Но, според него, во Македонија има еден „скап спорт“, „еден вид златна треска кога станува збор за инвестиции во соларни панели, фотоволтаици, сега во последно време се слуша за ветерни електрани итн“. Тој вели дека постои желба да се инвестираат 7 до 8 илјади мегавати, речиси 10 пати повеќе од РЕК Битола, но дека таа енергија „треба да се закачи на жица“.

Тој вели дека во моментот Македонија може да дистрибуира само 20% од таквата енергија. Тој посочи дека има многумина граѓани, компании кои што подбуцнати од определени центри во Владата земаат кредити, се задолжуваат за да вложат во еден ваков објект, а потоа за жал најголемиот дел од нив прво не можат да го закачат на мрежа, односно да се приклучат. А, второ и цената која што ја очекувале кога го правеле бизнис планот не е таква, каква што е.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека токму енергетиката треба да се подигне на повисоко ниво на интерес на идната влада и предлага формриање на министерство за енергетиката, рударството и минералните суровини.

-Ценам дека енергетиката, рударството и минералните суровини не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија. Ценам дека тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство -вели  смета тој.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека услов за следно коалицирање е токму ова барање на ВМРО-ДПМНЕ да се интервенира во Законот за влада.

Поврзани содржини