НА ЗАЕВ НЕМА ДА МУ БИДЕ ТЕШКО ДА ПОТПИШЕ ШТЕТЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА Од ВМРО-ДПМНЕ се загрижени од однесувањето на премиерот

Кога Зоран Заев е подготвен да даде 3 министерства и скоро педесет директорски места од институции само за да ја задржи фотелјата и за да добие 3 пратеника за да продолжи и понатака да краде како што тоа го прави и до сега, јасно е дека ќе потпише сè што Бугарија ќе му сервира, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

431

Од ВМРО-ДПМНЕ се загрижени од можноста премиерот Зоран Заев на заминување да потпише договор со Бугарија, што ќе биде штетен за Македонија.

– Кога Зоран Заев е подготвен да даде 3 министерства и скоро педесет директорски места од институции само за да ја задржи фотелјата и за да добие 3 пратеника за да продолжи и понатака да краде како што тоа го прави и до сега, јасно е дека ќе потпише сè што Бугарија ќе му сервира. Ова ќе биде круната на неговите порази на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ од сега кажува дека да почитува било каков штетен договор за Република Македонија – изјави партискиот портпарол Димче Арсовски.






Тој додаде и дека очекува да продолжи соработката помеѓу Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво?

– Очекуваме советниците на партијата Алтернатива да продолжат да ги поддржуваат сите проекти кои што ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, бидејќи тие се значајни за граѓаните ако се има предвид поддршката која што ја дала Алтернатива на оваа најкриминална и најкорумпирана влада која што функционира во независна Република Македонија – посочи Арсовски.

Поврзани содржини