НАЈВОЗРАСНИОТ ПОЧИНАТ ОД КОРОНА ИМА 101 ГОДИНА Во последното деноноќие регистрирани се 14 починати и 419 заразени
Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.
14 починати, 419 новозаразени и 211 оздравени пациенти од коронавирусот во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
„Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на ковид-19: Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип – 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по 1. Регистрирани сe 211 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 18, Кавадарци – 14, Куманово – 9, Штип – 7, Охрид и Кочани – по 5, Велес, Кратово и Богданци – по 3, Ресен и Неготино – по 2, Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Струга и Свети Николе – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (70 и 80) и Велес (72 и 74) и по едно починато лице од Куманово (88), Крива Паланка (72), Кочани (58), и Македонска Каменица (66). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови“, соопшти Министерстото за здравство.
Направени се 3.285 тестови преку: ИЈЗ-329, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–295, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-129, Биотек-169, Систина-69, лабораторија Лаор-148, Синлаб-18, Ремедика-25, Плодност–27, Генеа-10, Никоб лаб-305, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-77, Ројал Медика–54, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.
Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)