НАЈВИСОКИ СЕ КИРИИТЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ Просекот е 6 евра по квадратен метар

Најголем број закупи во земјава се регистрирани во јули, односно 826, додека најмал број закупи има во август 614, а во септември се регистрирани 744 закупи.

170

Просечната цена за закуп на квадратен метар станбен простор во општина Карпош во третиот квартал изнесува 357 денари (5,8 евра0, во Центар 355, а во Аеродром 327, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава.

Од 1 јули до 30 септември евидентирани се вкупно 2.184 закупи. Најголем број, 787, се закупи на станови (36%), по што следуваат закуп на деловни простори, 740 (34%), на куќи, 300 (14%). Закуп на земјоделско земјиште и шуми се 12% од пазарот на закупи на недвижностите, односно  евидентирани се 258 закупи на ваков тип недвижност.






Поголемиот дел, односно 70% од закупите се на становите и на деловните простори. Најголем број закупи се регистрирани во јули, односно 826, додека најмал број закупи има во август 614, а во септември се регистрирани 744 закупи.

Во  третиот квартал се закупени недвижности со површина од 2.570.158 квадратни метри со вкупна месечна закупнина од 61.020.446 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.

Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар и тоа 296 закупи, во општина Карпош 197 закупи и во општина Аеродром 142 закупи. Во општините Арачиново, Вевчани, Зелениково, Јегуновце, Центар Жупа и Чучер Сандево не се регистрирани договори за закуп на недвижности, а има 6 општини со по еден закуп.

Во периодот од 1 јули до 30 септември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 8.319 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи). Споредбено со вториот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 584 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

Поврзани содржини