НА ВИЛ СМИТ МОЖЕ ДА МУ БИДЕ ОДЗЕМЕН ОСКАРОТ? Академијата не одобрува насилство во која било форма

Академијата не одобрува насилство во која било форма. Вечерва со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти оскаровци, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните колеги и љубители на филмот ширум светот, напишале од Академијата по доделувањето на Оскарите.

3,108

Академијата за филмски уметности и науки(АМПАС) е под голем притисок да му го одземе Оскарот на актерот Вил Смит по инциденетот со шлаканицата која тој му ја упати на својот колега Крис Рок, бидејќи Рок кажа шега на сметка на сопругата на Смит. Да се потсетиме, Академијата воспостави сопствен Кодекс на однесување во 2017 година за време на кампањата „MeToo“.

По завршувањето на наградата, на Твитер беше објавено:






„Академијата не одобрува насилство во која било форма. Вечерва со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти оскаровци, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните колеги и љубители на филмот ширум светот“.

По доделувањето на Оскарот, Смит беше виден како се смее и позира пред фотографите. Режисерот на „Knocked Up“, Апатов, беше многу критичен кон Смит во сега избришаниот твит:

– Можеше да го убие. Тоа е неконтролиран бес и насилство. Вил и Сопругарата сигурно досега слушнале милион шеги за нив во последните три децении. Тие не се бруцоши во светот на Холивуд и комедијата. Вил полуде.

Кодексот на АМПАС беше донесен во 2017 година по скандал со сексуално недолично однесување и, меѓу другото, се залага за „почитување на човечкото достоинство“.

Шегата на Крис Рок во врска со фризурата на сопругата на Смит ја коментираат многумина на социјалните мрежи. Џејда има алопеција, односно опаѓање на косата од 2018 година. Алопеција може да се појави каде било на телото, но најчесто се појавува на главата и тоа повеќе кај мажите. Причините можат да бидат наследни, медицински или поради хормонски промени.

Постои и алопеција која настанува поради честото стегање на косата или носење фризури кои ја оштетуваат.

 

Поврзани содржини